Американскиот стратег Жак Вон, повеќе не е тренер на Бруклин, тоа го потврдија од клубот.
Бруклин Нетс пред Ол Стар паузата доживеаја пораз во Масачусетс, каде Бостон ги доби дури со 50 разлика и се чини дека тоа беше пресудно за оваа одлука.
Ова беше петти пораз во шест последни натпревари за Бруклин, па беше донесена одлука двете страни да се разделат.
Вон заминува во момент кога Нетси се на 11. место во Источната конференција со 21 победа и 33 порази. Тој го презема тимот на 1. ноември 2022 година, како преоден тренер, откако му беше асистент на Стив Неш кој исто така заработи отказ.
– Бруклин го ослободи тренерот Вон од неговите обврски со првиот тим. Привремен тренер на екипата ќе биде назначен во најблиска иднина, порачаа од клубот.
The Brooklyn Nets have relieved Jacque Vaughn of his head coaching duties. An interim head coach will be named in the near future.
— Brooklyn Nets (@BrooklynNets) February 19, 2024