Поранешниот светски првак во велосипедизам се соочува со казна затвор до 15 години!  

Поранешниот светски шампион во велосипедизам, Австралиецот Роан Денис, обвинет е за убиство од небрежност на неговата сопруга Мелиса Хоскинс, исто така позната и успешна велосипедистка.

Според „Гардијан“, австралискиот велосипедист се соочува со затворска казна до 15 години.

Полицијата тврди дека тој на 30 декември, невнимавајќи, со автомобил ја удрил 32-годишната сопруга и мајка на две деца пред нивниот дом во Мединди, во северниот дел на Аделаида. Таа била пренесена во болница но набргу починала од повредите.

Судењето ќе се одржи во август. Денис (33) е освојувач на медали од Олимписките игри (ОИ) во Лондон 2012 и во Токио 2020 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО