Поранешни Ф1 возачи ќе возат на „24 часа Ле Ман“

Речиси дваесетина поранешни возачи од Формула 1 (Ф1) ќе се натпреваруваат на легендарната автомобилска трка „24 часа Ле Ман“.

Светското првенство во издржливост (WEC) го објави провизорниот список за учесници на „24 часа Ле Ман“, трката која годинава ќе се одржи на 15 и на 16 јуни.

На листата засега се 16 поранешни Ф1 возачи. Се очекува подоцна да се приклучат уште двајца пилоти кои се натпреваруваа во Ф1.

Најпознати лица од Ф1 кои ќе се појават на Ле Ман ќе бидат шампионот од 2009 година Џенсон Батон, победникот на Големата награда (ГН) на Канада од 2008 година, Роберт Кубица, освојувачот на десет подиуми, Ромен Грожан и најдобриот руски возач, Данил Квјат.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО