Фудбалерките на Канада ја победија репрезентацијата на Колумбија со 1:0, во Ница и со три бода успеаја да се пласираат во четвртфиналето на олимпискиот турнир.
Двете репрезентации освоија по три бода со што си обезбедија пласман меѓу најдобрите осум, Канаѓанките како втори, а Колумбијките како една од двете најдобри третопласирани селекции. Првото место во групата го освои Франција, со шест бода.
Како потсетување, Канада беше казнета со одземање шест бода, а селекторката Беј Пристман беше суспендирана на една година по „шпионскиот“ скандал со дронот.
Пристмен и нејзините двајца помошници, тренерот Јасмин Мандер и аналитичарот Џозеф Ломбарди, беа фатени како користат дронови за да го шпионираат тренингот на ривалките од Нов Зеланд, пред првиот натпревар.
По сите одиграни натпревари во групната фаза познати се и четвртфиналните двојки. Натпреварите ќе се одиграат во сабота, на 3 август.
САД – Јапонија (15 часот)
Шпанија – Колумбија (17)
Канада и Германија (19)
Франција – Бразил (21 часот)