Лудило во Париз: За два часа освои две злата, со два рекорда!

Една од најголемите ѕвезди на Игрите во Париз е „домашниот“ пливач,, младиот 22-годишен, Леон Маршан, кој во средата вечер за два часа освои два златни медала, на 200 метри пеперутка и на 200 метри градно, притоа  поставувајќи и нови олимписки рекорди.

Досега ниту еден пливач нема победено на 200 метри пеперутка и на 200 метри градно на ОИ. Тој е првиот пливач што освоил две индивидуални злата во една вечер на ОИ по Монтреал 1976 година

Во трката на 200 метри пеперутка тој беше подобар од светскиот рекордер, бранителот на титулата од ОИ во Токио и светски шампион од Будимпешта пред две години, Унгарецот Кристоф Милак (24). Бронзата ја освои младиот, 19-годишен Канаѓанец, Илја Харун.

На 200 метри градно, Маршан доминираше од почетокот до крајот и го освои златото со време од 2:05,85 минути, речиси една секунда побрзо од бранителот на титулата од Токио, Австралиецот Зак Стаблети-Кук, кој го освои среброто. Холанѓанецот Каспар Корбо (23) ја освои бронзата.

Маршан сега има три злата во Париз, и на 400 метри мешано. Тој ќе плива и на 200 метри мешано.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО