Неверојатниот Кинез го исплива првиот светски рекорд на ОИ во Париз

На петтиот ден од натпреварите во пливање на Олимписките игри (ОИ) во Париз беше соборен првиот светски рекорд. Тоа му успеа на 19-годишниот, Жанле Пан од Кина, во трката на 100 метри слободно.

Пан ја декласираше конкуренцијата и на целта стигна со време од 46,40 секунди, побрзо дури за 40 стотинки од претходниот светски рекорд што тој го исплива пред пет месеци на Светското првенство (СП) во Доха.

Колку беше доминантен Пан покажува тоа што конкурентите доцнеа за повеќе од секунда. Среброто го освои Австралиецот, Кајл Чалмерс (26) со време од 47,48 секунди, шампионот од минатите две ОИ, а бронзата, Романецот Давид Поповичи (20) „златниот“ на двојно подолгата делница, на 200 метри.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО