Понитка отворено: Некои барања од Обрадовиќ, не можеа да бидат исполнети

По заминувањето од Партизан, сега веќе нивниот екс играч, Матеус Понитка, откри дека имал последната сезона доста проблеми со тренерот Обрадовиќ.

Во разговор за српските медиуми појасни за што точно станувало збор.

– Имав неколку отворени разговори со тренерот низ сезоната. Мислам дека бев искрен и дека зборував објективно со него. Се разбира имаше и тој своја страна и негова приказна која ја почитувам. Тој е извонреден тренер и тоа го покажа на дело повеќепати.

– Тој бара перфекционизам, а тоа е тешко да се изведе. Посебно со играчите кои имаат модерен менталитет. Беше тешко на дело да се спроведе она што го бара Жељко Обрадовиќ. Тој сака да играме кошарка на вистински начин, тимски, перфектно, но некои работи тешко минуваат. Доколку се работеше за кошарка од пред 15 години, тоа можеби и ќе поминеше, но во овие времиња – тешко. Токму поради тоа што е перфекционист, освојуваше трофеи низ кариерата, порача полскиот интернационалец.

Понитка сезоната 2023/24 во просек во Евролигата бележеше по 2,4 поени, 0,7 асистенции и 2,2 скокови по натпревар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО