Полуфинале во Мелбурн: Забаленка – Гаф, реприза на финалето во Њујорк

Бранителката на титулата, Арина Забаленка ја совлада Барбора Крејчикова со 6:2, 6:3, во мечот што траеше 71 минута, и се пласира во полуфиналето на Австралија опен.

Нејзина следна противничка ќе биде Коко Гаф која ја елиминира Марта Костјук.Тој меч ќе биде повторување на возбудливото финале на САД опен во септември, во кое победи Гаф и ја освои првата грен-слем титула.

Забаленка нема загубено ниту еден од осумте четвртфинални натпревари на грен-слем турнирите. Лани во Мелбурн, таа триумфира на првиот голем турнир во кариерата. Годинава нема загубено ниту еден сет на Австралија опен, поточно загуби само 16 гема во петте меча.

Забаленка која е без пораз во последните 12 меча во Мелбурн стигна до полуфиналето на последните шест грен- слем турнири. Таа е првата тенисерка на која тоа и успеало, по Серена Вилијамс која имаше низа од 10 полуфиналиња, помеѓу 2014 и 2017 година.

Другите две четвртфиналиња во женска конкуренција ќе се играат утре. Двојките се Женг Чинвен – Ана Калинскаја, односно Дајана Јастремска – Линда Носкова.

Ниту една од нив досега не играла во полуфинале на грен-слем турнир.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО