Навивач на полската репрезентација се здоби со тешки повреди по пад од повеќе од три метри височина на Олимпискиот стадион во Берлин, каде се одигра натпреварот од 2. коло од групната фаза на ЕП 2024 Полска – Австрија (1:3) пренесуваат медиумите во Германија.
Според изворот, по падот мажот накратко изгубил свест, а потоа со различни повреди бил пренесен во болница. Да потсетиме, репрезентацијата на Полска стана првата селекција која ги загуби шансите за пласман во осминафиналето на ЕП 2024.Австрија вчера ја победи Полска со 3.1, а подоцна Холандија и Франција одиграа нерешено.