Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино ја критикуваше арбитражата на вчерашното полуфинале во ФА Купот. Лондончани загубија со 1:0 од Манчестер Сити на Вембли и не успеаја да се пласираат во големото финале.
Тврдењата на Покетино главно се должат на ситуацијата кога имаше сомнежи за евентуален пенал во корист на лондончани. Во 55. минута Кол Палмер изведе директен слободен удар, а топката удри во левата рака на Џек Грилиш, кој беше во шеснаесетникот. Тренерот е незадоволен што Мајкл Оливер воопшто не бил повикан да ј апрегледа снимката.
– Од мојата позиција беше тешко да се процени дали тоа е пенал. Затоа се свртев кон судијата и му реков: „Зошто не ја гледаш репризата на мониторот? Можеби е пенал, изјави Покетино. Аргентинецот ги пофали своите играчи за прикажаното во дуелот со освојувачот на трофејот.