Почнува вториот дел од сезоната во ПМФЛ, пет тима во битка за трофејот

Денеска во 14:00 часот со натпреварите од 19. коло во Првата македонска фудбалска лига, започнува пролетниот дел од сезоната, во кој се очекува жестока битка за освојување на шампионската титула.

Дури пет тима се во трка за освојување на пехарот на крај, од кои три екипи стартуваат со идентичен број на поени – 37. Силекс како првопласиран поради подобрата гол разлика, заедно со Шкендија и со Работнички од стартните позции ќе го почнат вториот дел од сезоната.

Освен овие три тима, во битка за титулата е и Гостивар кој има два бода помалку од водечкото „трио“, а актуелниот првак Струга ТЛ има пет бодови помалку.

Шкупи засега е сигурен на стедината на табелата, а тука се и Пелистер и АП Брера со по 19 бодови. Тиквеш, Беса, Вардар и Воска Спорт ќе водат жестока битка за опстанокот.

Тиквеш има 14 бодови, Вардар и Беса по 13, а Воска Спорт има 12 во долниот дел на табелата. Меѓутоа лесно може да се случи и АП Брера да се најде во опасност, со оглед дека загубија голем број на фудбалери во зимската пауза, како и тренерот Горазд Михаилов кој замина во Беса.

Денеска на програмата се две дербија. на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари Гостивар на домашен терен игра против Струга, додека на Националната Арена „Тодор Проески“, Вардар го пречекува тимот на Шкендија, во дуелот на некогашните големи ривали за титула.

ПМФЛ, 19. КОЛО (ДЕНЕСКА 14:00 ЧАСОТ)

Гостивар – Струга ТЛ (мечот се игра во Скопје на стадионот „Борис Трајковски)

Пелистер – АП Брера

Шкупи – Работнички

Силекс – Тиквеш

Вардар – Шкендија

Воска Спорт – БЕСА

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО