Новак Ѓоковиќ зад своето име има 24 трофеи од гренд слем турнирите, но тој дефинитивно сака нешто поголемо, односно злато на Олимписките игри во Париз, она што му недостасува.
Дека олимпискиот ловор е негова желба над желбите, покажа и тој самиот со едно посебно видео кое го сподели на социјалните мрежи, каде покажа дека душата му гори за златен медал на една Олимпијада.
На предолимписката свеченост во Париз, во организација на фирмата „Луј Витон“, Новак Ѓоковиќ продефилира покрај сетот на комплети на олимписки медали кои ќе бидат поделени во Париз.
Српскиот ас кој наскоро го започнува походот кон златото, во првото коло силите ќе ги одмери против австралискиот тенисер Метју Ебден, направи едно видео кое го сподели со фановите и во кое ги собра повторно симпатиите.
Тој се обиде да симболизира молба до севишниот пред медалите, видео во кое се гледа дека српскиот ас е фокусиран деновиве само на едно – на златниот медал, кој очајно го посакува.
Novak Djokovic praying for the Olympic gold medal. 🙏🏼🥇 pic.twitter.com/OLXwPdXi2u
— Danny 🐊 (@DjokovicFan_) July 26, 2024