Се оди кон сценарио наскоро Мохамед Салах и дефинитивно да го напушти „Енфилд“ и Ливерпул.
Иако и Јирген Клоп заминува за еден месец од Ливерпул, меѓу нив постои одредено несогласување, што најдобро го видовме на мечот со Вест хем, најверојатно и Салах е пред заминување.
Како што пишуваат островските медиуми, египетскиот фудбалер летово има многубројни понуди за трансфер, а најблиску е до Саудиска Арабија, од каде што Ал Итихад веќе лицитира со одредени цифри.
Се верува дека цифрата која наводно ќе биде понудена, 130 милиони евра, ќе биде задоволителна за Ливерпул и тие ќе ја прифатат.
Салах на „Енфилд“ пристигна од Рома во 2017 година, и со „црвените“ триумфира во Премиер лигата, во Лигата на шампиони и во ФА и во Лига купот.