По суспензијата, инцидент на Бензема и тренерот на Ал Итихад

Желбата на Карим Бензема е да го напушти Ал Итихад и да се врати во Европа, бидејки таму не успеа добро да се снајде.

Тој таму почна да постигнува голови, но не успеа да се прилагоди на средината, па почувствува дека е време за брза промена и враќање во Европа.

Но клубот неговите желби ги минимизираше, односно не го послуша и го блокираше сите негови обиди и обидите на неговиот агент за преговори за напуштање на клубот.

Но очигледно Бензема сака што побргу да замине од таму, па на еден од последните тренинзи, откако се врати во тренажен процес, се скарал со тренерот Гаљардо, а овој му рекол да го напушти теренот.

Марка тврди дека Гаљардо му рекол на Бензема дека може да биде присутен на тренингот на првиот тим, но дека мора да тренира одвоено од нив и таму пукнала работата, па на Бензема му било посочено да го напушти тренингот.

Со оглед на тоа дека на последниот меч Бензема не беше дел од составот на Ал Итихад против Ал Таи, голема е веројатноста дека францускиот фудбалер нема да добие дозвола за трансфер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО