Кошаркарите на Партизан утревечер од 20:30 часот, во „Штарк арена“ го пречекуваат составот на Баерн Минхен, каде ќе бараат сигурна победа.
Тренерот на „црно-белите“, Жељко Обрадовиќ, истакна дека неговиот тим мора да стори се што е во нивна моќ за да остварат победа и да се ревитализираат по лесно прокоцканата победа која ја имаа на гостувањето кај Виртус Болоња.
– Ова е важен натпревар, како и секој до крајот на сезоната, но ако сакаме да останеме конкурентни во Евролигата, мора да победиме. Баерн е добра екипа, во моментов втора најдобра при скок во напад, трети во дефанзивата и од таму се почнува.
– Би сакал ние да одиграме тимски натпревар, како што игравме во поголем дел од натпреварот против Болоња. Со голема желба и борбеност, да дојдеме до победа. Имавме некои натпревари сезонава кои ни беа добиени, а ние со грешките ги прокоцкавме. Борбеноста посакувам да биде на врвно ниво, ништо посебно не треба да направиме, само да се вратиме на нашиот начин на игра, порача Обрадовиќ.