Партизан и Џејмс Нанели не се разделија според очекуваното, бидејки на крајот на површина излегоа одредени несогласувања меѓу двете страни.
Сега агентот на Џејмс Нанели, Бил Неф, одлучи да се обрати до спортската јавност и да раскаже за разделбата на неговиот клиент со Партизан.
Во изјава дадена за српските медиуми, Неф меѓуредови најавува и можна тужба.
– Сакам да ги коментирам последните случувања со Џејмс Нанели, играчот кој го застапувам. Клубот Партизан продолжува со нападите кон Џејмс низ медиумите. Го напаѓаат, бидејки навивачите знаат дека крвареше за Партизан две кошаркарски сезони. Беше миленик на публиката и фановите посакуваа тој да остане. Но нема да ми биде јасно зошто клубот одреагира вака кон Нанели, кој можеби и требаше да остане во Партизан, порача агентот на кошаркарот.
Исто така агентот на Нанели најави дека во консултација со играчот, ќе решат дали да одат понатаму со судскиот спор против Партизан.