Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ требаше да одработи денеска тренинг со Холгер Руне во Њујорк, но тој тренинг сепак не се случи.
УС ОПЕН е на прагот, а веќе тргнаа подготовките за оддржување на истиот. Новак Ѓоковиќ е еден од фаворитите на овој турнир, а денеска спаринг натпревар требаше да одигра со Руне, кој не се случи.
Холгер Руне го чекаше Ѓоковиќ скоро половина час, но овој не се појави, се појавија само неговите членови на тимот и ги собраа само неговите работи и заминаа без објаснуивање.
На никого не му е јасно зошто Ѓоковиќ го пропушти овој тренинг, а многумина се сомневаат да не станува за некоја неочекувана повреда кај српскиот тенисер.
Допрва треба да биде утврдено зошто Ѓоковиќ не се појави на тренинг. Во моментите додека го чекаше на терен, Холгер Руне долго потпишуваше автограми на насобраните навивачи.
Djokovic was supposed to practice with Rune on Ashe at 1pm.
Rune waited for 15 mins before Djokovic’s team took his bags off the court.
Not sure what is happening. Rune now signing autographs. pic.twitter.com/ufE83yN7Ac
— The Big Three (@Big3Tennis) August 23, 2024