Пиоли си ја заврши приказната со Милан: На хоризонтот неколку имиња за негови наследници

Сите работи во Милано одат кон правецот по крајот на сезоната, Стефано Пиоли повеќе да не биде тренер на „Росонерите“.

Италијанските медиуми пишуваат дека Пиоли е сигурен само до крајот на сезоната, кога и ќе се заврши неговата соработка со Милан, тоа ќе биде крај на петгодишната соработка со оваа екипа.

Пиоли во иднина ќе може да се пофали дека по долг период, успеал да го врати Скудетото на „Сан Сиро“ и на тоа сигурно е посебно горд.

Но она што е најактуелно, а Газета спорт веќе лицитира со имиња, е тоа кој ќе биде следниот менаџер на Милан, а веќе се вртат неколку имиња.

Први два фаворити наводно се Паоло Фонсека и Жулен Лопетеги. Португалецот Фонсека во моментот го води Лил, а во Италија две години работеше како тренер на Рома. Лопетеги од друга страна, е без работа откако се раздели со Волвс.

Како резервни опции се уште и Кристоф Галтие, поранешниот тренер на ПСЖ и Масело Гаљардо, долгогодишниот тренер на Ривер Плејт, кој во моментот ја води екипата на Ал Итихад.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО