„La Gazzetta dello Sport“, тврди дека тренерот на Милан, Стефано Пиоли, може да добие отказ доколку „росонерите“ бидат елиминирани од Рома во 1/ 4 финалето во Лига Европа или ако загубат од Интер во градското дерби закажано за 22 април.
Претходно во медиумите се појави информација дека Милан имал неколку преговори со поранешниот тренер на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги. Милан сега се наоѓа на второто место во Серија додека во првиот натпревар меч со Рома во Лига Европа претрпе минимален пораз од 1-0 и тоа на домашен терен.