Пешиќ: Јас оставка никогаш не давам!

Српската кошаркарска репрезентација пристигна во Белград откако беше елиминирана од Финска во осминафиналето на Европското првенство во Рига.

На аеродромот, се обрати селекторот на Србија, Светислав Пешиќ, пред медиумите, кој започна со сумирање на своите впечатоци од турнирот во Летонија.

-Имаше апсолутна посветеност и концентрација на ЕП. Во наредните денови ќе седнеме со одговорните во Сојузот и ќе анализираме, па да видиме во која насока одиме понатаму кога станува збор за репрезентативната програма, вели Пешиќ.

-Никогаш не поднесувам оставка. Зошто да поднесам оставка? Дојдов тука да го направам она што го направив и го направив, кога никој не сакаше, го прифатив. И еве по Олимписките игри, никој не сакаше, го прифатив затоа што чувствував одговорност кон играчите. Имаме таков договор до крајот на септември. Ќе седнеме, ќе разговараме, секогаш сум тука, достапен сум за секаков вид помош. Оставки… Ова не е фудбал, ова е кошарка, оставки не се даваат, објаснува Кари.

Србија сега се соочува со првото коло од квалификациите за Светското првенство, кое ќе се одржи во Катар во 2027 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО