Перез одбива да му плати 80 милиони евра бонуси на Мбапе

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез одбива да му плати бонуси на францускиот напаѓач Килијан Мбапе, кои беа игнорирани и од ПСЖ, пренесува „Л’Екип“.

Според весникот, Перез не сака да плати 80 милиони евра бонуси бидејќи Мбапе ќе мине во мадридскиот клуб како слободен играч. Претходно беше објавено и дека претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи одбил да му исплати на францускиот играч плата за неколку месеци и бонусите, сметајќи дека тоа треба да го направи Реал. Сега адвокатите на францускиот напаѓач се вклучија во случајот со неплаќањето.

Мбапе претходно најави дека ќе го напушти парискиот клуб по истекот на договорот во јули. Беше објавено и дека Мбапе ќе потпише петгодишен договор со Реал Мадрид  според кој ќе добива по 15 милиони евра годишно, помалку од она што го земаше во ПСЖ!

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО