Пеп ја промени плочата: Никогаш не го реков тоа!

Пеп Гвардиола пред извесен период зборуваше низ медиумите дека се гледа неговиот крај во Манчестер Сити, односно дека во иднина можеби ќе работи некаде на друго место.

Посебно беа изразени неговите изјави дека би можел Манчестер да го напушти летото 2025 година, но сега, со последната изјава, тој реши да ја промени плочата со музика. Сега тврди дека не рекол никогаш такво нешто.

Договорот на Пеп со Сити истекува на крајот од оваа година, а оваа изјава може да биде најава за уште побогат и лукративен нов договор.

– Не реков дека заминувам. Девет години во еден клуб е вечност, не отфрлам можност за продолжување на соработката. Сакам да бидам сигурен дека тоа е исправен пат за клубот и играчите. Кога ќе одлучам, ќе разговарам со извршниот и спортски директор. Но сакам да почне сезоната, да видам како ќе се одвиваат работите, па потоа ќе одлучам што понатаму, порача Гвардиола.

Тој со Сити ја освои по четврти пат по ред титулата во Премиерлигата, што доста добро ја отсликува доминацијата на неговата екипа во домашното првенство. Тој токму во мај рече дека е поблиску до заминување, отколку до останување.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО