Пеп: Ако го кажам тоа во Мадрид…

Фудбалерите на Манчестер Сити и Реал Мадрид ќе ги одмерат силите утревечер во реванш пресметката од четвртфиналето во ЛШ од 21 часот.

Првата средба заврши без победник (3:3), па скоро сигурно овој натпревар ветува многу голем интерес и од неутралната публика.

Пеп Гвардиола пред реванш пресметката во Манчестер, истакна дека пред Реал мора да бидат крајно внимателни да не направат непотребни грешки.

– Навистина сметам дека Реал е исклучителен тим, тоа е мое мислење, но знам дека луѓето не веруваат кога ќе кажам нешто убаво за Реал Мадрид. Веројатно во Мадрид ќе мислат дека се шегувам, но не е така, порача Пеп.

Тој истакна и дека ова за него е посебен натпревар:

– Ова за мене е посебен натпревар, но тоа не се смета. Ќе се брои она што ќе го направиме утре. Мора да играме подобро отколку на „Бернабе“, ќе разговарам со играчите околу тоа прашање. Дали се плашам од Реал повеќе од другите клубови? Па, не, ги почитувам, но не им се плашиме, се надоврза Гвардиола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО