Луд меч во Дортмунд, уште полудо беше во Барселона: ПСЖ и Борусија се полуфиналисти

Во крајно драматична реванш пресметка од четвртфиналето во ЛШ, екипите на Борусија Дортмунд и ПСЖ обезбедија полуфинале.

Борусија Дортмунд иако по првиот натпревар имаше заостанување зад гол (1:2), сепак вечерва победија во Дортмунд пред своите гледачи со 4:2 и се пласираа во уште една за нив, историско полуфинале.

Резултатот го отвори Брант во 34. минута, а на 2:0 зголеми Матсен пет минути подоцна. Во вториот дел, Матс Хумелс си постигнува автогол за 2:1, а наскоро тоа се претвори и во 2:2 откако Кореа постигна гол за изедначување.

Но Дортмунд ги затегна своите редови, па со головите на Фулкруг и Сабицер во 71. и 74. минута, обезбедија злато вредна победа која ги носи во полуфиналето.

На вториот натпревар вечерва, ПСЖ во драматичен меч во Барселона, успеа да победи со 4:1 и со севкупен резултат од 6:4, да се пласираат во полуфинале.

Таму многу работи се случија, Араухо беше исклучен во 29. минута, подоцна и Чави Ернандез, а головите за ПСЖ ги постигнаа Дембеле, Витиња и Мбапе два пати, за Барселона срелаше само Рафиња.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО