Актуелниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер го потврди потпишувањето со надежниот голман, Давид Брестовац, син на поранешниот македонски селектор, Данило Брестовац.
20-годишниот голман кој е дел од македонската млада репрезентација, потпиша две ипол годишен договор со Пелистер.
Од клубот истакнуваат дека продолжуваат со стратегијата за привлекување млади македонски ракометари, а официјалното претставување на Брестовац ќе се одржи во наредните денови, по неговото пристигнување во Битола.