Искусниот српски интернационалец, Илија Абутовиќ по шест години повторно се враќа во Македонија каде ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер.
Човекот кој е легенда на Вардар, клуб во кој мина седум успешни години, потпиша едногодишен договор со тимот од Битола. По заминувањето од „црвено-црните“ играше во Рајн Некар Левен, француски Шартр од каде доаѓа во „зелено-белите“.
Неговото знаење, умешност, икуство сигурно ќе биде од голема помош за Пелистер кој претходно ги обезбеди голманите Митревски и Ивиќ, кружниот напаѓач Цикатиќ, и бекот Хосни.