Кошаркарите на Пелистер остварија уште една убедлива победа над Работнички (85:67) и израмнија на 2-2 во плејоф серијата во Првата лигата.
„Зелено-белите“ го издржаа притисокот, го одбранија домашниот терен и се изборија за мајсторка која ќе се игра во Скопје. Комплетната петорка на клубот од Битола беше двоцифрена.
МКК Куманово пак ја освои Гевгелија со 82:67 и со 3-1 ја затвори серијата против Кожув.
На мечот доминираше Луковиќ со 25 поени и 13 скока, Радукиќ, Тадиќ и Петровиќ реализираа по 13 кошеви.
Избраниците на Докузовски во полуфиналето ќе се сретнат со актуелниот шампион МЗТ Скопје.
Вилсон со 17 кошеви беше најсветла точка кај поразените.