Марк Андре Тер Штеген се врати на голот на Барселона после седум месеци и беше стартер на натпреварот против Валјадолид во Ла Лига.
Во вторник Барселона ќе игра реванш полуфинале со Интер во Лигата на шампиони, но во најавата за гостувањето во Милано, Ханси Флик како тренер на каталонскиот гигант ја затвори дебатата која се отвори во јавноста по враќањето на Тер Штеген.
Германецот најави дека Шчесни сигурно ќе брани во Лигата на шампиони, но сега посочи дека Полјакот ќе биде прв избор и на клучното „Ел Класико“ кое се игра на „Монжуик“ на 11-ти мај.
– Сите сме среќни што ни се врати Тер Штеген и што повторно го имаме како избор. Во второто полувреме го прикажа својот квалитет и добро е да се види во вакво светло. Сепак, моја одлука е Шчесни да игра против Интер во полуфиналето, но и против Реал Мадрид наредниот викенд, – изјави Германецот.