Патриотс ќе го повлечат дресот со број 12 на Toм Брејди

Њу Ингланд патриотс ќе го повлечат дресот со број 12 на Том Брејди и ќе му изградат статуа на нивниот легендарен поранешен бек. Клубот од Бостон ја објави оваа вест при приемот на 46-годишникот Брејди во нивната „Куќа на славните“.

Откако беше избран од Патриотс на драфтот во 2000 година, Брејди ги предводеше до шест победи во Супербоул.

– Статуата ќе стои на платото пред Куќата на славните за да ја симболизира неговата позиција, не како најголема во историјата на клубот, туку како најголема во историјата на НФЛ, рече сопственикот на Патриотс, Роберт Крафт.

Брејди ги напушти Патриотс и замина во Тампа Беј баканиерс во 2020 година и им помогна да го освојат Суперболот во првата сезона, по што по петти пат беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на тој меч. Три пати беше и МВП на сезоната.

Брејди се пензионираше во 2022 година, но по само шест недели ја промени одлуката и ја играше 23-та и последна сезона во НФЛ.

– Вечно сум благодарен. Јас сум Том Брејди, јас сум Патриот, рече тој на церемонијата.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО