Патрик Шик се повреди додека го прославуваше голот и ќе го пропушти мечот со Турција

Напаѓачот Патрик Шик ќе го пропушти последниот натпревар на Чешката репрезентација на ЕП од групата Ф против Турција во среда. Причината е повредата што ја заработи додека го прославуваше својот гол против Грузија, кој донесе нерешени 1:1 минатата сабота.

Селекторот на Чесите, Иван Хашек изјави дека е оптимист за опоравувањето на Шик и се очекува негово враќање, но под услов селекцијата да се пласира во осминафиналето.

Чешка го започна ЕП 2024 со пораз од Португалија со 1:2, а победата против Турција ќе и гарантира пласман во нокаут фазата, а дури и реми може да биде доволно за осминафинале.

28-годишниот Шик е напаѓач на Баер Леверкузен. Минатата сезона, тој постигна 13 гола на 33 натпревари и беше клучен за историската прва титула на оваа екипа.

Најдобриот настап Чешка го имаше во 1976 година, кога го освои шампионатот победувајќи ја Германија на пенали, а во 1996 година стигна до финалето, губејќи со златен гол од Германија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО