Неодамна се појави информација дека Партизан во своите редови сака да го донесе кошаркарот на Басконија, Чиму Монеке.
Веројатно ова лето ќе има сериозни кадровски проветрувања во клубот од Белград, а Монеке е еден од потенцијалните засилувања во следните недели.
Но навивачката група „Гробари“, која се надева на доаѓање на овој кошаркар, доби и неочекувана помош, односно во целата приказна и шпекулации се вклучи кошаркарот на Монако, Џером Блосомгеј.
– Дојди во Партизан Чима, напиша Блосомгејм под последната објава на Монеке на Инстаграм, инаку негов поранешен соиграч од Монако.
View this post on Instagram