Кошаркарите на Партизан претрпеа пораз на домашен терен вечерва од лидерот во Евролигата, тимот на Реал Мадрид со резултат 88:76.
Во егал се играше само во првиот дел, односно во двете четвртини каде предноста на едниот или другиот ривал беа минимални. Во третата четвртина Реал успеа да се одлепи скоро десетина поени и таму ја стекна предноста која до крајот само ја негуваше.
Партизан посакуваше освета против „кралевите“ поради она што се случи минатата сезона, но едноставно вечерва не беа на ниво да им парираат на играчите на Реал.
Најефикасен во таборот на Партизан беше Камински со 19 поени, додека Нанели постигна 12, а Аврамовиќ 10 поени, кај Реал најефикасен беше Марио Хезоња 22 поени, Козер 9.
Црно-белите сега имаат скор од 14 победи и 17 порази и остануваат уште три лигапки натпревари во кои ќе водат тешка борба за топ10. Следниот меч го играат против Олимпијакос.