Партизан доживеа еден од најтешките порази во Европа: „Самоубиство на српскиот фудбал“!

Фудбалерите на белградски Партизан втора година по ред, а третпат во последните четири сезони, примија најмалку пет гола на европските натпревари!

Овојпат Динамо Киев беше подобар од Партизан, победувајќи го со 6:2 во Лублин, Полска, во 2. прелиминарно коло од Лигата на шампиони (ЛШ).

Ова е трет пат во историјата Партизан да прими шест гола. На вкупно 14 евронатпревари „црно-белите “ примиле најмалку пет гола.

Најубедливиот пораз Партизан го доживеа во сезоната 1970/71, од Динамо Дрезден, 0:6 во Купот на саемските градови. Подоцна, во сезоната 1984/85, Квинс парк ренџерс (КПР) го победи српскиот клуб со 6:2.

Партизан лани загуби од Нордсјеланд, со 0:5 во квалификациите за ЛК, а во сезоната 2021/22 од Фејенорд дома, 2:5 во осминафиналето на ЛК.

Српските медиуми со неверување го опишуваат виденото во Лублин. „Партизан се посрамоти во Полска“, „Самоубиство на српскиот фудбал“, „Катастрофа на Партизан“, „Скршен Партизан“, „Историски дебакл“, „Партизан е милји далеку од сериозен фудбал“!, се некои од насловите.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО