Матео Пелегрино со два гола го предводеше тимот кон историски триумф, додека Верона продолжува да чека на првата домашна победа оваа сезона.*
Парма забележа историска победа како гостин на „Марк’Антонио Бентегоди“, совладувајќи ја Верона со 2:1 – нешто што не му успеало на тимот од Емилија-Ромања цели 24 години.
Херој на мечот беше младото крило Матео Пелегрино, кој го отвори резултатот во 18. минута и го постигна победничкиот гол во 80. минута по голема грешка на домаќините. Верона кратко израмни преку погодокот на Жиоване во 65. минута, но не успеа да го задржи резултатот.
– Оваа победа значи многу за нас, посебно по долго време без триумф тука, изјави тренерот на Парма. Со оваа победа, Парма се искачи на 15. место со 11 бода, додека Верона останува заглавена на дното со само 6 бода и без домашен триумф на стартот од сезоната.