Руските и белоруските спортисти нема да бидат дел од свеченото отворање на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз 2024, соопшти Интернационалниотолимписки комитет (ИОК) .
Од ИОК објавија дека тие нема да бидат дел од церемонијата на отворањето „бидејќи се индивидуални спортисти, но ќе им се даде можност да го искусат настанот“!
Одлуката дали тие ќе бидат дел од церемонијата на затворањето на Игрите ќе биде донесена подоцна.
Спортистите од двете земји беа суспендирани по руската инвазија над Украина во февруари 2022 година. Сепак, спортистите од тие земји кои се квалификува за Игрите во Париз ќе можат да се натпреваруваат како неутрални.
Досега има 12 индивидуални неутрални спортисти со руски пасош и седум со белоруски кои се квалификуваа за Париз. На нивните настапи ќе нема знамиња, амблеми или химни на нивните земји.
Во меѓувреме, ИОК рече дека планот на Русија да биде домаќин на „Игрите на пријателство“ е „циничен обид“ на земјата „да го политизира спортот“. Русија сака да го одржи настанот во септември годинава, а зимските се планирани за 2026 година.
Првите „Игри на пријателство“ ги организираше Советскиот Сојуз и осум други земји откако ги бојкотираа ЛОИ во Лос Анџелес 1984 година.