Капитенот на Партизан, Кевин Пантер, смета дека мора да ги добијат последните три меча од регуларниот дел од сезоната во Евролигата.
По поразот од Реал Мадрид пред два дена, во Партизан се свесни дека ќе стравуваат до последното коло за пласман во топ10.
– Продолжуваме да притискаме и да гледаме напред кон плеј-инот. Мора да ги добиеме последните три натпревари, тоа е најдобриот начин да ја завршиме сезоната. Претходната сезона е минато, не размислуваме за неа, туку за актуелната, порача Кевин Пантер.
Партизан последните три кола игра против Олимпијакос (дома), против Алба (нагости) и последно коло против Валенсија на домашен терен, дуел кој може да одлучува за тоа кој ќе патува во нокаут фазата.