Палиња проговори за соиграчот од репрезентацијата

Играчот од средниот ред на Фулам, Жоао Палиња, зборуваше за играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед и негов сонародник, Бруно Фернандеш.

-Се сеќавам кога игравме со Манчестер Јунајтед во ноември. Добив жолт картон. Не го допрев, тој само врескаше. Ова е нормално за него – вели Португалецот.

-Во наредниот натпревар тој ме удри. Тоа не беше прекршок но, и јас врескав. Судијата досуди прекршок но, не му покажа жолт картон. Му се насмевнав на Бруно. Ние сме пријатели. Португалските репрезентативци имаат добри односи и надвор од теренот – беа зборовите на играчот на Фулам.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО