Бразилскиот репрезентативец Едер Милитао го продолжи договорот со Реал Мадрид до 30 јуни 2028 година, објави „кралскиот клуб“ на социјалните мрежи.
Финансиските детали остануваат непознати, но шпанските медиуми пренесуваат дека во договорот е ставена клаузула за обештетување која за бразилскиот фудбалер изнесува една милијарда евра.
Милитао (26) е на Сантијаго Бернабеу од 2019 година. За мадридскиот клуб одигра 143 натпревари и постигна 11 гола, освојувајќи девет трофеи.
Тој моментално е во неволја откако го повреди коленото. Доброто е што брзо закрепнува и што се очекува неговото враќање пред четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Тој помина осум месеци надвор од теренот, а важи за столб на одбраната на Карло Анчелоти.