Овермарс суспендиран и од ФИФА поради непримерните пораки до колешките

Суспензијата на поранешниот холандски крилен напаѓач Марк Овермарс од вршење функции во холандскиот фудбал е проширена на глобално ниво, со забрана и од Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Независниот холандски спортски трибунал му изрече двегодишна забрана на Овермарс, односно една година условно, во ноември 2023 година.

Казната уследи по неговото испраќање „серија непримерни пораки до неколку колешки“ додека беше директор за фудбал во Ајакс.

– ФИФА може да потврди дека по барање на Кралската фудбалска асоцијација на Холандија (КНВБ), Дисциплинската комисија одлучи да ја прошири суспензијата на Овермарс за да има ефект и во светот, се вели во соопштението.

Овермарс (50) ја напушти улогата во Ајакс во февруари 2022 година. Моментално тој е технички директор на белгискиот Антверпен.

Овермарс одигра повеќе од 130 натпревари за Ајакс помеѓу 1992 и 1997 година и освои три титули во лигата. Триумфира во холандскиот куп и во Лигата на шампиони (ЛШ) пред да му се приклучи на Арсенал, каде што ја освои двојната круна.

Подоцна и се приклучи на Барселона, а по пензионирањето мина 10 години како директор за фудбалски работи во Ајакс.

-Се срамам. За некој на мојата позиција вакво однесување е неприфатливо. Сега го гледам тоа, но веќе е доцна. Не гледам друга опција освен да го напуштам Ајакс, изјави Овермарс во 2022 година поради непристојните пораки до колешките.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО