ЕП во шест града, на стадион и во пет сали, сите со капацитет од над 10.000 места

Европското првенство (ЕП) во ракомет ќе се игра во шест германски градови, во пет сали и на стадионот во Дизелдорф. Сите пет сали се со капацитет од над 10.000 гледачи, што е евро-рекорд.

Најголемата сала е во Келн, каде што 12 години се игра фајнал-фор турнирот во Лигата на шампиони (ЛШ). Таму ќе се игра финалето на првото ЕП чиј домаќин е Германија.

Покрај отворањето на ЕП во Дизелдорф, Берлин, Манхајм и Минхен ќе бидат домаќини на натпреварите во по две групи.

Дизелдорф: арена „Меркур Шпил“ (капацитет 54.600 места). Два натпревара од 1.коло во групата А

Берлин: арена „Мерцедес Бенц“ (14.800). Групи А и Д

Манхајм:  арена „САП“ (13.200). Групи Б и Е

Минхен: „Олимпијахале“ (12.150). Групи Ц и Ф

Хамбург: арена „Барклис“ (13.300). Група 2, од втората рунда

Келн: арена Ланксес (19.750). Група 1. од втората рунда и финалето

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО