Осимен на лето оди во Челси?

Нигерискиот напаѓач од екипата на Наполи, Виктор Осимен, најверојатно ќе го напушти италијанскиот клуб во летниот преоден рок и ќе се пресели на Островот.

Според новинарот Руди Галети, напаѓачот во моментов е во најдобри релации со преговарачите од екипата на Челси. Наводно двете страни си дале збор за соработка која треба да биде потврдена во последните месеци од сезонава.

За Осимен долго време се шпекулира дека ќе си оди од Наполи, за кого настапува од 2020 година. Сезонава нигерискиот репрезентативец настапи на 24 натпревари во сите конкуренции, постигна 13 гола и имаше четири асистенции.

Договор на Осимен со Наполи е до 2026 година. Наполи за него ќе бара над 100 милиони евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО