Репрезентативците на Франција и Шпанија, едни од фаворитите на Светското првенство, забележаа победи во генералните проби пре стартот на турнирот. Со идентични 3:1 славеа Фрнцузите против Северна Ирска и Шпанија против Перу.
Со три гола на Михаел Олисе од Баерн Минхен, Французите ја победија Северна Ирска со 3:1 во Лил. Франција, највисоко рангираната репрезентација на ранг-листата на ФИФА и еден од фаворитите за титулата во САД, загуби пријателски натпревар од Брегот на Слоновата Коска со 1-2 пред четири дена, но овој пат беа многу поефикасни.
Олисе постигна гол на крајот од првото полувреме, на почетокот од второто и во 75-та минута за 3:1.
„Ваков Олисе ни е потребен. Михаел се издвојува по сезоната што ја имаше во Баерн и со репрезентацијата. Тој постигна голем напредок и е полн со самодоверба. Исто така, знае како да ја користи силата, што е многу важно“, рече селекторот Дешан, кој последен пат ја водеше Франција на домашна почва, бидејќи ќе замине од функцијата по СП..
Олисе стана првиот француски репрезентативец, а да не е класичен напаѓач, по Мишел Платини (1984), кој постигна хет-трик.
Избраниците на селекторот Дидие Дешан ќе го играат својот прв натпревар на Светското првенство на 16 јуни против Сенегал.
Шпанија, актуелен европски првак, славеше во Пуебла на 2.135 метри надморска височина, против Перу. Селекторот Луис де ла Фуенте го откри стартниот тим за првиот меч против Зеленортските острови на СП.
Симон – Маркос Љоренте, Кубарси, Лапорт, Кукуреља – Родри, Педри, Фабијан Руиз – Баена, Феран Торес, Ојерзабал.
За очекување е селекторот да не ризикува на отворањето со Нико Вилијамс и Ламин Јамал.
Победата на Шпанија ја најави Ојерзабал во втората минута. Капитенот на Реал Сосиедад го постигна 25 гол во националниот тим, инаку 19-ти од моментот кога Де ла Фуенте стана селектор.
На 2:0 зголеми Педри, а во 53-та минута голманот на Перу си постигна авто-гол. Конечниот резултат во 63-та минута го постави Велез.
Foto: EPA