Денеска во хотелот “Хилтон“ во Скопје се одржа редовно Генерално Собрание на ФФМ. Финансискиот извештај на работата за минатата година покажа дека позитива од околу 3 милиони евра. Генералниот секретар на ФФМ, Наталиа Илиевска Божиновска во своето обраќање истакна дека федерацијата има одлична соработка со Општинските фудбалски Сојузи, како своја база, но и ја потенцираше извонредната соработка со УЕФА и ФИФА.
Инаку се беше во знакот на 30-годишнината од станувањето на ФФМ полноправна членка на ФИФА и УЕФА.
Токму преку своите претставници, кои се во Скопје, Јозеф Климент – УЕФА и Марион Гават – ФИФА, добивме и честитки за јубилејот.
Во работниот дел од Собранието беа присутни 58 делегати од 60.