Обрадовиќ повика свои играчи на „воспитен тренинг“ – познато за кои тројца станува збор

Кошаркарите на Партизан го пребродија можеби и најважното гостување во АБА лигата оваа сезона, победија во Подгорица против Будуќност со 89:83.

Мечот во „Морача“ го одлучи тројката на Зек Ледеј последната минута, но до тој момент играчите имаа доста лоши напади и му дозволија на домаќинот неколкупати и да има шут за предност.

Тоа беше причина за Обрадовиќ да закаже тренинг рано наутро веднаш по пристигањето во Белград, но уште не е откриено поради кои играчи тоа го направил.

– На некои им закажав тренинг рано наутро, веднаш по аеродромот, да видиме до што е проблемот, што се случува со нив.

Медиумите во соседството дознаваат дека тројцата на кои Обрадовиќ им закажал тренинг-интервју биле Ален Смаилагиќ, Алекса Аврамовиќ и Урош Трифуновиќ.

Аврамовиќ на ова гостување имаше четири поени, а Трифуновиќ и Смаилагиќ воопшто не се запишаа со поени.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО