Обрадовиќ има нов договор, медиумите веднаш го прашаа за новите засилувања

Кошаркарскиот клуб Партизан и Жељко Обрадовиќ денеска ја озваничија новата соработка, на уште две години, тоа беше дочекано со големо славје кај навивачите.

Навивачите на Партизан сметаат дека доколку го имаат Жељко на клупата, Партизан секогаш ќе биде на високо ниво и ќе котира добро во европски рамки.

Многу од навивачите беа со сомнежи околу тоа зошто се провлекува новиот договор на Обрадовиќ со Партизан, но денеска им се насмевна среќата, а Жељко на пресконференцијата истакна дека ужива во работата и вети дека Партизан секогаш ќе дава максимум додека е тој на клупата.

– Благодарам до сите во клубот за довербата што го водам Партизан и следните две години. Благодарам на моите соработници, посебна благодарност до Зоран Савиќ, кој сега не е тука, бидејки работи на терен, за Партизан.

– Откако се вратив во Белград, целта ми е Партизан да биде редовен член во Евролигата. Добивме нови млади генерации на навивачи и тоа ме радува. Во иднина мора да се покаже доверба кон нив и благодарност за тоа што доаѓаат да не гледат. Партизан го чувствувам како свој клуб и ќе сторам се во иднина за Партизан да биде уште подобар, порача Обрадовиќ.

Прокоментира и околу можните засилувања:

  • Пред некој ден слушнав и дека ќе сме се засилување со некои имиња кои воопшто не беа наша цел. Во моментот приоритет ни се играчите кои се во клубот, некои имаат договори, некои не. Размислуваме за некои нови играчи, но се уште не сме во контакт, се надоврза Обрадовиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО