Објави крај на кариерата, а ден подоцна доби понуда што не се одбива!

Тиаго Алкантара потврди дека одлучил да и стави крај на играчката кариера. Поради повреди тој минатата сезона повеќе беше на терапија отколку што играше за Ливерпул.

Но, тоа веќе е „стара вест“, бидејќи, како што стојат работите, тој наскоро ќе му се врати на фудбалот, но во нова улога, во Барселона, каде што порасна и уште како тинејџер доби шанса во првиот тим додека Пеп Гвардиола беше тренер.

Потоа реши да замине во Баерн, каде што остана неколку сезони, а оттаму во Ливерпул. Тиаго освои речиси се’ што можеше со Баерн и со Ливерпул, но претходните неколку години имаше огромни проблеми со повредите.

Шпанските медиуми пишуваат дека Тиаго одлучил да и се посвети на тренерската работа и дека ќе добие одлична можност уште од самиот старт, и тоа во Барселона. Наводно, Ханси Флик покажал голема желба Тиаго да биде дел од неговиот штаб и еден од неговите помошници.

Тиаго веќе одржал состанок со челниците на Барселона и со Флик и речиси сигурно ќе ја прифати понудата на Каталонците што треба официјално да биде потврдена наредните денови.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО