Њукасл по 13 години конечно го победи лутиот ривал Сандерленд

Во локалното дерби на североисточна Англија, во меч од третото коло во ФА купот, Њукасл го победи Сандерленд на гости пред околу 50.000 луѓе на „Стадионот на светлината“, со 3:0. Ова беше прв дуел меѓу двата тима од март 2016 година и прва победа на Њукасл над Сандерленд од 2011 година.

Навивачите на Сандерленд го исполнија „Стадионот на светлината“ неколку часа пред почетокот во очекување на возбудлив натпревар и на нова победа против старите ривали, но се’ падна во вода.

Њукасл се покажа како многу поквалитетен тим од Сандерленд кој игра во Чемпионшип, заслужено победи и се пласира во четвртата рунда од ФА купот.

Средбата се одигра под силно обезбедување, со огромно полициско присуство околу стадионот поради 6.000 навивачи на Њукасл кои допатуваа организирано со автобуси.

Како и сите големи ривалства, и ова меѓу Њукасл и Сандерленд е многу повеќе од спорт. Тоа е долга историја на конфликти и на непријателства меѓу двата града кои се оддалечени 15-та километри. Како и кај повеќето дербија, поделбата ги дели и семејствата и нема многу поинтензивни фудбалски натпревари во Англија од овој.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО