Ига Швјатек од Полска се избори за ново финале на Ролан Гарос. Најдобрата тенисерка на ВТА листата во полуфиналето, по 96 минути беше подобра од Американката Коко Гоф со 6:2, 6:4.
Швајтек во сабоата ќе игра за четвртата титула на Ролан Гарос. Доколку победи тоа ќе и биде трет последователен триумф во Париз.
Гоф се обиде, но не успеа да и парира на Швјатек, која ја забележа јубилејната 20-та последователна победа на турнирот.
Уште на стартот на мечот Ига јасно стави до знаење дека ја интересира само новото финале, направи брејк и поведе со 2:0. Потоа освои уште еден гем на сервис на шампионката на САД опен до крајот на сетот и поведе со 5:1. Таа лесно го заврши сетот со 6:2 по 37 минути игра.
Гоф прва направи брејк во вториот сет, се чинеше дека ќе успее да го направи мечот поинтересен кога го потврди брејкот за 3:1. Сепак, Швјатек успеа веднаш да го врати загубеното, потоа освои три гема во низа за водство 5:3.
Во финалето таа ќе игра со победничката од мечот меѓу Јасмин Паолини и Мира Андреева.