Нови проблеми за Анчелоти: Се повреди уште еден важен играч!

Едер Милитао е новото име на и онака долгата листа на повредени играчи на Реал Мадрид. Милитао го повреди мускулот на тренингот на бразилската репрезентација, па тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти извесно време не ќе може да смета на одличниот Бразилец.

Реал има сериозни проблеми со повредени играчи на стартот од новата сезона. Вон тимот се Џуд Белингем, Дани Себалјос, Едуардо Камавинга, Ферланд Менди, Давид Алаба и Орелиан Чукамени.

Прв на теренот би требало да се врати Белингем кој успешно се опоравува од повредата на мускулот. Се очекува тој да заигра на крајот од септември.

Враќањето на Себалјос се очекува во ноември, додека останатите играчи се посериозно повредеби, па Анчелоти не ќе може да смета на нив подолго време.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО