Новак Ѓоковиќ загрижен пред почетокот на Ролан Гарос

Подготовките за Ролан Гарос за Новак Ѓоковиќ не одат според плановите.

Најдобар показател за тоа е вчерашниот пораз во полуфиналето од турнирот во Женева од тенисерот Томаш Махач.

Првиот светски рекетна пресконференцијата истакна дека е загрижен и дека себеси не се гледа како фаворит за освојување на трофејот.

– Се разбира дека сум загрижен, воопшто не сум добар оваа година, освен неколку добри мечеви кои ги имав. Не се гледам како фаворит во Париз. Ќе одам меч по меч, па да видиме. Ужасно се чувствував во првиотдел од мечот. Но нема да му ги земам заслугите на Томаш, тој си ја одработи победата, не знам што би можел повеќе да ви кажам за овој меч, разочарувачки, порача Ѓоковиќ.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО